4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Kоронавирусoт го избриша: „Кју“ го објавува своето последно издание

Последното издание на магазинот „Кју“ означува крај на една ера во музичката индустрија, коментираше „Скај њуз“ деновиве кога списанието требаше да го објави својот последен број и да згасне.

Основан во 1986 година од писателите на британскиот поп-магазин „Смеш хитс“, Марк Елен и Дејвид Хепворт, магазинот „Кју“ се појави во исто време со налетот на цеде-револуцијата. Неговиот сјајен, аспиративен формат беше во совршен склад со времето.

„Кју“ се затвора – и со тоа уништувањето на старото музичко новинарство е комплетирано, пишува „Ајриш тајмс“ и додава дека списанието што некогаш беше камен-темелник на британското рок-новинарство стана жртва на сопствениот успех.

„Кју“ беше многу успешен во текот на 1980-тите и 1990-тите. Неговите корици од последната деценија нудат интригантен коректив на носталгично-верната верзија на бритпоп ерата, пишува „Ајриш тајмс“ и додава „Кју ги претстави Blur и Oasis заедно со уметниците кои продадоа огромни количини, но потоа беа тргнати од музичкиот мејнстрим: Texas, Corrs, Shania Twain, Simply Red.“

Тиражот на списанието падна на 28.000 месечно од врвот од 200.000 во 2001 година.

Уредникот Тед Кеслер неодмна објави на Твитер дека Ковид-19 ги избришал шансите за опстанок на списанието, бидејќи ги затвора вратите по 34 години постоење. Тој тогаш соопшти дека последното издание треба да излезе на 28 јули.