Новата Влада предводена од СДСМ, ќе продолжи по патот на напредокот, демократијата и правдата со уште поуспешни политики и уште подобри резултати, наведе СДСМ преку соопштение.
„Со поддршка на граѓаните и победата на изборите СДСМ продолжува да ја движи земјата напред, по вистинскиот пат кој го започна пред три години.
Новата Влада која СДСМ ќе ја формира, ќе продолжи по патот на напредокот, демократијата, правдата, владеење на правото.
Продолжува грижата за здравјето на граѓаните и борбата со глобалната пандемија.
Со нови мерки и политики продолжува концептот парите назад кај граѓаните, раст на платите, раст на пензиите и грижа за сите, како и за најранливите категории на граѓани.
Новата македонска економија креира работни места и создава шанса за секој.
Станавме членка на најмоќниот сојуз на светот НАТО алијансата, наскоро почнуваме со отворање на поглавјата за членство во ЕУ.
Новата Влада предводена од СДСМ не само што продолжува со успешните политики, следниот мандат се обврзува да испорача уште повеќе и уште подобри политики и мерки насочени исклучиво во интерес на државата и граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.