Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Повреден полицаец, откако на наплатната рампа Миладиновци опел се судрил во полициско товарно возило

На 27.07.2020 во 06.44 часот на наплатна рампа „Миладиновци“ се случила сообраќајна незгода помеѓу товарано возило „фолксваген транспортер“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(29) од Пробиштип, товарно возило „фолксваген транспортер“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник и патничко возило „опел“, со штипски регистарски ознаки кои припаѓале на патничко возило „лада“, управувано од непознато лице, кое по незгодата го напуштило местото.

Во незгодата, со повреди се здобил полицискиот службеник и бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение за Примање награда за противзаконито влијание

ДЕСК

Претреси и апсење во Куманово

ДЕСК

Филипче: Отворени врати за конструктивните, затворени за злонамерниците

ДЕСК