Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

39 мигранти најдени во возило на местото Раборска крстосница

На 27.07.2020 околу 05.00 часот на место викано „Раборска крстосница“, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.И., кој управувал возило со кичевски регистарски ознаки. При запирање на возилото, тој се обидел да побегне, но бил спречен, а по извршен преглед на возилото биле пронајдени 39 лица мигранти (35 од Сирија и четири од Ирак). Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител мигрантите биле сместени во ПТЦ „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против Б.И. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти “.

Можеби ќе ве интересира

МИТРОВДЕН ПРИСТИГНА, А СО НЕГО И СТАРИТЕ МАКЕДОНСКИ ОБИЧАИ – Што верувале нашите предци и зошто овој ден бил толку важен?

ДЕСК

СДСМ: Го потсетуваме Мицкоски на членот 368 – а од КЗ, да не ја попречува правдата за Алта банка

ДЕСК

Поповиќ: Со наредбите до обвинителство и заканите Мицкоски ја попречува правдата за Алта банка

ДЕСК