Centar.mk
БИЗНИСТЕМА

Нова цена на горивата во Македонија

Утре се очекува утврдување на нова цена на горивата во Македонија од страна на регулаторната комисија за енергетика, кои ќе почнат да важат од утревечер по полноќ.

Инаку минатата недела малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалија за 1,50 денар за литар, со што малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 сега изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за 0,50 денар за литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) сега изнесува 53,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит.

Трендот на намалување на цените на бензинот и нафтата во Македонија се очекува да продолжи.

Можеби ќе ве интересира

ОД 13 НОЕМВРИ ИСПЛАТА НА ОСИГУРЕНИТЕ ДЕПОЗИТИ – Објавени инструкции за клиентите на српската Алта банка

ДЕСК

ПОСТРОГИ ПРАВИЛА ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ – Нови измени во Кривичниот законик

ДЕСК

ВЛАДАТА ПРЕД НОВО ЗАДОЛЖУВАЊЕ – Се разгледува обезбедување околу 60 милиони евра

ДЕСК