АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
ИЗВЕСТУВАЊЕ:
Компанијата СТРАБАГ АГ со своите подизведувачи на ден 27.07.2020 понеделник ќе врши минирање на патниот правец Радовиш – Штип, или конкретно околу место викано Пилав Тепе во период од 11:00 до 15:00 часот.
ДПТУ Ескаватори известува дека од 23.07.2020 год. (четврток) до 30.07.2020 год. (четврток), во период од 10:00 до 17:00 часот ќе се асфалтира објектот „Поправка и рехабилитација на државен пат Р1309, делница Кочани- Пониква (II фаза), при што ќе има изменет режим на сообраќај. За време на викендот, во сабота и недела во период од 10:30 до 11:00 часот и од 14:00 до 14:30 часот патот ќе биде ослободен за поминување на возила. За сите понатамошни активности ќе ве известуваме навремено.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ИЗВЕСТУВАЊЕ: Јавното претпријатие за државни патишта известува дека делницата Штип – Крупиште која е дел од експресниот пат А3 Штип – Кочани, може да се користи за сообраќај. Посакувајќи им пријатно и удобно возење на учесниците во сообраќајот на експресниот пат на делницата Штип (клучка Три Чешми) – Крупиште, сакаме да им посочиме патниот правец да го користат согласно со одобрениот времен режим и да се почитува поставената патна сообраќајна сигнализација.
ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 01.07. започнаа викенд забраните за движење на тешки товарни возила на државните патишта, како и на патниот правец Скопје – Охрид. Повеќе детали за овие забрани ќе најдете ТУКА.
РАБОТИ НА ПАТ:
БЕТОН АД Скопје известува дека од 21.07.2020 ќе започне со изведување на градежни активности на регионалниот пат Р1103 делница: Лакавица – Неготино, при што ке има изменет режим на сообраќај.
Поради изведување градежни работи (асфалтирање) од 09.07.2020 (четврток) на регионален пат Р-2344 на делница Голозинци – Лисиче – раскрсница Дреново со Горно Врановци во наредните 40 дена секој работен ден освен недела во период од 10 – 15 часот ќе има забрана за сообраќај за сите видови возила.
На регионалниот пат Р-1107 Ново Лагово – Витолиште поради работи на пат (асфалтирање) сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента, за што e поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Овој режим на сообраќај ќе биде до завршување на работите.
На регионалниот патен правец Р1306 Прилеп – Крушево, на делот крак – с. Алдинци – с. Норово, од 29.06.2020 (понеделник), ќе има изменет режим на сообраќај поради изведување градежни работи на пат (асфалтирање). На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Овој изменет режим на сообраќај ќе трае се до завршување на градежните работи.
На регионалниот патен правец Р2246 Бошков Мост – с.Извор, на делот крак – с.Лазарополе, поради изведување градежни работи на пат (асфалтирање), од 24.06.2020 (среда), сообраќајот ќе биде во целосен прекин секој работен ден и сабота од 11:00 до 13:00 часот. Овој изменет режим ќе трае се до завршување на градежните работи.
ГД ГРАНИТ АД СКОПЈЕ – Известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време на реконструкција и рехабилитација на државен пат А2, делница Крива Паланка – ГП Деве Баир , во период од 11.05.2020год. до 02.2022 год. со основниот проект за изведба се предвидува стругање и асфалтирање на постоечкиот коловоз како и проширување т.е изработка на трета лента на постоечкиот пат. Во текот на работното време регулирањето ке се изведува со работници, а по завршувањето на работното време, регулирањето ќе се врши со светлосна сигнализација – семафори (од Крива Паланка кон Граничен премин Деве Баир).
Жикол ДООЕЛ – Струмица известува дека согласно одобрението од Министерство за транспорт и врски од 19.06.2020 г. ќе започне со градежни активности за поврзување на коловозот со нов мост на р. Пчиња на државниот пат Р2136, делница Ржаничино-Долно Коњари. Согласно основниот проект за времен режим се предвидува намалување на брзината и наизменично пропуштање на возилата во зоната на градилиштето (во населено место Долно Коњари) за време на градежните активности. Се работи од 07:00 до 17:00 часот, а потоа за во ноќни услови предвидено е ослободување на коловозната површина. Времениот режим ќе трае не подолго од три месеци сметано од 19.06.2020 г.
Виадукт трејд известува дека на ден 25.05.2020 ќе се започне со изведување на градежни активности при рехабилитација на дел од Државен пат А2 – потег од БС Виена Петрол/Куманово до с. Страцин, во должина од 16км, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај,во времетраење од шест до девет месеци.
Викториа Инвест ДОО Елбасан Подружница Скопје изведува градежни работи на автопат Кичево – Охрид, делница 4 и 5. На делница 5 Подмоље – Охрид ќе има измена на режим на сообраќај соодветно обележано со сообраќајни знаци. Измената започнува на 20.03.2020 год. и ќе трае до завршување на работите поради кои е утврдена потребата од измената.
ДОО “Стентон Градба” – Битола известува дека поради изведување на градежни работи, поточно санација на свлечиште (одрон) на регионалниот пат Р1102, делница Велес – Градско (транзитен дел низ Велес) од 24.02.2020 г. ќе има времено изменет режим на сообраќај се додека траат градежните работи, кои ќе траат во наредните 4 месеци. Проектираното времено сообраќајно решение предвидува забрана за сообраќај во зоната на градежни работи, па поради тоа пренасочување ќе има на дел од автопатот А1 зона клучка Велес Југ и во градот Велес преку стар мост кон автопат А1.
Штрабаг АГ известува дека изведува градежни активности на експресен пат А4 делница Штип – Радовиш. Се препорачува до возачите внимателно да пристапуваат на оваа делница и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.
Г. П. Илинден – Струга известува дека поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с.Подмоље – Струга има времен режим на сообраќајот. На самото место има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
СОСТОЈБА – СКОПЈЕ:
На ден 29.06.2020 година ќе се започне со изведување на градежни активности односно геомеханички истражни работи (бушотини кои ќе се изведуваат од 2-3 часа) на ул. “Лазар Личеноски” Скопје, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.
На ден 29.06.2020 година ќе се започне со изведување на грaдежни активности односно геомеханички истражни работи (бушотини) на ул. “Самоилова” Скопје, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.
ЦУКС известува дека од четврток 25.06.2020 година, поради градежни активности на коловозот на бул. Борис Трајковски, со соодветна сигнализација, ќе биде воведен времен сообраќаен режим. Градежните работи за поставување топлинска и гасоводна мрежа, што ќе ги изведува БЕГ, ќе го опфатат потегот од семафорите кај Општина Кисела Вода до раскрсницата со ул. Народни херои, во крајната десна сообраќајна лента во насока на движење од Центар кон населба Драчево. Времениот режим на сообраќај ќе важи до завршување на градежните работи, а Центарот апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот.
ЦУКС известува дека од 22.06.2020 (понеделник), поради извршување геомеханички истражни работи на коловозот на булеварот Никола Карев, односно познатата Пластичарска улица, како и на булеварот Свети Климент Охридски, во наредните петнаесеттина денови ќе биде воведен времен сообраќаен режим. Измената на сообраќајниот режим ќе се воведе на дел од бул. Св. Климент Охридски во близина на крстосницата со бул. Илинден кај зградата на Владата, додека на бул. Никола Карев со сообраќајна сигнализација и физичка регулација ќе биде изменет режимот на сообраќај на крајната десна лента на потегот од крстосницата со ул. Македонско-косовска бригада до крстосницата кај Качанички пат. Времениот режим на сообраќај ќе важи до завршување на работите на терен, а Центарот апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот.