Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Сончево и ветровито со температура до 35 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен претежно северен ветер кој по должина на Повардарието краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Во следните денови времето ќе биде сончево со повремена мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер кој до четврток ќе биде северен, а потоа јужен. В петок и в сабота ќе има услови за појава на нестабилност во попладневните часови. Дневната температура до средината на неделата ќе биде во брз пораст, а потоа нема многу да се менува.

Можеби ќе ве интересира

Важни информации за возачите кои вечерва се движат со своите возила низ Македонија

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, А ЌЕ ТРУПА И СНЕГ: Метеоцентар објави најнова прогноза за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Сточарите и земјоделците излегуваат на протест поради колапс на земјоделството

ДЕСК