Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Тешки времиња за Мицкоски: Брутално поразен и во неговото избирачко место

Во гласачкото место каде гласа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, ВМРО освои 115 гласови, а СДСМ 162 гласа, откри потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири.

Тој ова го рече на дебата на Телма заедно со Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој му одговори дека посоченото гласачко место е во Карпош и таму ДПМНЕ секогаш губело.