11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Се укина забраната во кафулиња и ресторани на една маса да седат само двајца

Владата денеска донесе и измени и дополнувања на протоколите за работа на кафулињата и на угостителските објекти за исхрана.

Со одлуката укинато е ограничувањето за седење две лица на една маса, како и ограничувањето со кое се определуваше дека на една маса може да седат четворица, само ако се од исто семејство.

На седницата беше заклучено и Комисијата за заразни болести да го разгледа прашањето за давање дозвола за транзит со приватно возило на територијата на Северна Македонија за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и на Босна и Херцеговина, кое не беше опфатено со мерките за државјаните на овие земји.

Спонзорирано: