Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ВИКЕНДОТ НОСИ 37 СТЕПЕНИ: Од понеделник попладне повторно нестабилност со дожд и грмежи

За време на викендов, претпладне времето ќе биде претежно сончево и топло со мала локална облачност, а во попладневните часови ќе има услови за појава на краткотрајна локална нестабилност.

Од почетокот на работната седмица во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Прогноза за 21.06.2026
Минимална температура: 9°C до 18°C
Максимална температура: 29°C до 36°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен северозападен ветер.

Прогноза за 22.06.2026
Минимална температура: 10°C до 19°C
Максимална температура: 30°C до 37°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Прогноза за 23.06.2026
Минимална температура: 10°C до 19°C
Максимална температура: 30°C до 36°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.