15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Парламентарни избори 2020: Гласање со целосна заштита на здравјето на граѓаните

Вчера, денеска и утре со одржуваат 10-тите парламентарни избори кои поради ситуацијата со Ковид-19 се организирани под сосема нови околности.

Со оглед на новонастаната ситуација со корона вирусот се воведоа промени во однос на деновите за гласање. Согласно новите промени, два дена, вчера и денеска, правото на глас го користат хронично болните лица, лицата кои отслужуваат затворска казна и лицата позитивни на корона вирусот и лицата кои се во самоизолација.

Вчера членови на Посебните избирачки одбори (ПИО) го спроведоа досега најспецифичното гласање на лицата позитивни на коронавирусот, како и лица кои се во самоизолација. Гласаа вкупно 723 лица кои беа посетени од членови на ПИО кои беа опремени со целосна заштитна опрема.

Сличен процес се одвива и денеска но за разлика од вчера, процесот на гласање во домовите на болните, хроничните лица на 14 јули ќе го спроведат Основните избирачки одбори (ОИО). Тие нема да носат мантили како заштита, заради тоа што не се работи за позитивни случаи од Ковид-19, но, ќе носат заштитна маска, ракавици и ќе треба да одржуваат дистанца. Маската членовите на ОИО треба да ја менуват на секои четири часа.

Утре, 15 јули е неработен ден за сите граѓани во државата. Гласањето започнува во 7 часот наутро , а завршува во 21 часот навечер, односно трае два часа повеќе за разлика од претходно кога избирачките места се затвораа во 19 часот.

Гласањето ќе се одвива согласно задолжителните препораки за гласање усвоени од Државната изборна комисија согласно укажаното од Комисијата за заразни болести.

Протоколите предвидуваат секој гласач да држи пристојно растојание од метар и пол или два пред објектот на гласачкото место, како и пред влезот на секое гласачко место, и во самото гласачко место.

Пред влегување е должен да ги дезинфицира рацете и должен да носи маска која ќе ги покрива носот , устата и брадата. Во спротивно нема да му биде дозволен влез на гласачкото место .

Следниот чекор е кога гласачот влегува со маската во избирачкото место и истиот е должен при идентификација на кратко да ја извади маската за избирачкиот одбор да го утврди неговиот идентитет. Рацете ќе треба да се дезинфицира при влегувањето и излегувањето од гласачкото место.

Избирачките одбори внатре во просторијата се должни да седат на дозволено растојание од метар до метар и половина, и постојано да носат заштитна маска, како и ракавици. Гласачите не треба да носат ракавици кога ќе влегуваат во гласачките места.

Просториите во кои се гласа ќе бидат редовно проветрувани и дезинфицирани и ќе биде дозволен влез на граѓани онолку колку што има поставени паравани за гласање.

Со строгото почитување на овие протоколи, граѓаните можат да бидат сигурни дека гласањето е безбедно и за нив и за останатите.

На 15 јули граѓаните ќе можат безбедно почитувајќи ги сите протоколи за заштита на здравјето ,да излезат и го остварат своето загарантирано со Устав право на глас.

Спонзорирано: