Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Вечерва тешка сообраќајка на патот Радовиш – Штип: Повредените 12 лица со амбулантни возила однесени во болница

Два мерцедеси се судриле вечерва околу 19 часот и 20-тина минути на патот Радовиш – Штип, дознава Centar.mk.

Според неофицијални информации на Centar.mk во едниот мерцедес со велешки таблички се повредени 10 лица, кои најверојатно биле мигранти и итно се пренесени во клиничката болница во Штип.

Во другиот мерцедес кој бил со бугарски регистарски таблички, повредени се уште две лица, жена и маж и тие се префрлени во болницата.

Возачот кој го управувал велешкиот мерцедес кој носел мигранти се вдал во бегство, велат неофицијални извори за Centar.mk, а полицијата интензивно трага по него.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК