8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Анализа на програмата “Обнова на Македонија 2020 “ на Вмро Дпмне (“New deal”, “Noe ordnung” или дали “исцелителот” Мицковски ќе ја исправи Македонија?

Се поставува прашањето oд што треба да се исправат свитканите ‘рбети на македонските граѓани? Од товарот на сегашната власт, по тригодишно владеење или пак од 11- годишниот режим и тиранија на сегашнатаа опозиција? Оценката на Мицковски дека Македонија конечно, ќе се препороди ако се реализира најновата изборна програма за “Обнова на Македонија во 1000-проекти “те вмровскиот “New deal,” епохалната „четирилетка”базирана пред се на 4-милијарди евра јавна потрошувачка со 8% рамен данок.со раст на БДП од 4 до 5 проценти годишно кое ке овозможи подобар живот и повеке примања на сите грагани и тоа. 25%поголеми плати и 20% повисоки пензии со недифинирана минимална плата која ке се пресметува со стапка од 60% од средната плата(околу13 000).и со невработеност под 10%.

Ноторен факт е дека сево ова наликува на уште еден обид за изборна манипулација на граганите .Имено на претходните избори неговиот ментор Груевски. тврдеше дека Македонија конечно ќе се препороди ако се реализираат само две третини од неговата епохална „седмолетка“ со 8 -милијарди евра јавна потрошувачка. Тоа проекција на Груевски која сега упорно ја наметнува и Мицковски потсетува на славното мото на Тертулиан („Credo quia apsurdum est“ – верувам токму оти е несватливо, апсурдно), Покрај многуте прашања ,се потавува и прашањето дали слоганот„Македонијо исправи се“ не е милитантен повик полн со омраза за пресметка со политичките противници? Песната на пријателот на Хитлер, писателот Дитрих Екарт озаглавена како „Deutschland erwache“ (Германијо разбуди се) ќе биде главната парола и повик до германскиот народ за доаѓање на нацистите на власт. „Македонијо исправи се“, безмалку цели сто години подоцна, на почетокот на третата декада од 21 век, е надградена на ниво на нашето балканско поднебје Овој „филм“ со свиткан ‘рбет на граѓани се емитува по гебелсовска доктрина повторувана стотици пати дневно како платена и бесплатна реклама по телевизиите и социјалните мрежи кои ги исправува исцелителот Мицкоски, небаре е Исус Христос, а не застапник на неговиот ментор Никола Груевски, затоа што. во ниту една прилика, со ниту еден збор, старо-новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ не се огради од големите стратегиски грешки, криминали и корупција на партискиот врв од периодот на груевизмот.

Напротив, видлива и јавна беше поддршката на учесниците во насилијата во Парламентот во обидот да се попречи примопредавањето на власта, што ги имаше сите обележја на државен удар. Уште поотворено поранешниот Претседател на државата Ѓорге Иванов, поранешниот Премиер Никола Груевски (до неговото бегство од земјата) , Христијан Мицкоски.неговите пратеници ,застанаа во попречување на работата на СЈО и владеење на правото со блокади на правосудниот систем со бројните упоришта и рецидиви во сите инстанци на судската власт.,застанаа отворено против евро-атланските интеграции против Преспанскиот договор и Договорот со Р.Бугарија за пријателство и доброседсрво.,против Законот за јазици и тнк и тнк.Но овде нема дилема, бројните обожаватели на ликот и делото на Мицковски овој став ќе го оценат како дел од пљукачката, злобна и критизерска стратегија на СДСМ која го дочекува секој искрен и трудољубив обид на вмровската елита работата конечно да ни тргне нешто на подобро и од што се извлекува пресудата за „очебијниот“ антипатриотизам, за „докажаната“ предавничка позиција на сите оние кои го критикуваат ДПМНЕ. За жал за Мицковски ,Славевски ,Кедев ,Силјановка и компанија, но и за жал на сите нас останати, сево ова погоре кажаново дефинитивно е само добро смислено теоретско предавање на некакво учебникарско ниво и јалов опит со некакви „Вујаклија“ термини да се опише реалниов живот што го живееме во денешна Македонија вклучувајќи го и стопанскиот живот кој доведува до заклучокот, до сознанието дека партијата ВМРО ДПМНЕ и да сака, едноставно не може да изведе никаков македонски „њу дил“. Односно, дека тој потфат, макар и делумно остварен, ќе биде нешто сосема друго и различно од „едноставните и практични“ потези со кои Рузвелт и демократите на времето се обиделе да го извлечат американскиот народ од големата криза. Да го споменеме овде и италијанскиот водач Бенито Мусолини, имено, во едно интервју што ќе им го даде на новинари на „Њујорк тајмс“ со нескриена славодобитност ќе нагласи дека американските „планови за координација на процесите во индустријата прецизно ги следат брилијантниот“ план неговите следбеници и сопартијци за економски и социјален препород на Италија. Главно ништо, освен оние купишта нови „антички“ склуптури што „Дуче“ ги посеа ширум Италија. Но „Дуче“ никогаш не разбра дека ентузијазам за „препород“ не се постигнува со тоа што ќе ги терате луѓето да поверуваат во промашен препород. Ако се анализира малку подлабоко ке се дојде до нов заклучок дека програмата “Oбнова на Македонија “на Вмро Дпмне .многу наликува на Програмата “Џуче” (самоувереност), чиј автор е Ким Ил Сунг од С.Кореја.Програмата “Џуче”вели дека севернокорејците ја прифаќаат оваа прогрма „затоа што им гарантира независност и ги води во градењето на ново општество во кое сите подобро ќе живеат“.политиката на оваа земја ја следи идејата на Џуче, чиј основен концепт е самоиздршката на општеството и.беше претставена како највисокиот и најсовремениот модел во светот.Секако, со ова не ни паѓа на памет да кажеме дека на Мицковски и компанија на крајот, како спасоносно решение, ќе им дојде до идеја да развиваат некаков моќен македонски „воено-индустриски инвестиционен препород“ама затоа околностите можат да го доведат и него и неговите до „Пери-Носи“ моделот што толку обилно се користеше во последниве две децении овде на Балканот и до „трикот“ на произведување (кога веќе не можеме друго) на „контролирани внатрешни и регионални кризи“ што потоа Западот ќе треба да ги менаџира и решава. Оти ако веќе нема „гринфилд инвестиции“, работата може да ја заврши и „интервентната помош“ на таканаречената меѓународна заеница.

автор: Цане Гроздановски

Спонзорирано: