23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев oд Шуто Оризари: За ромската заедница ќе има посебен буџет

„Нема да застанеме додека квалитетот на живот на Ромите не биде ист со квалитетот на живот со сите други граѓани во нашата држава, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев синоќа на граѓанската трибина во Шуто Оризари.

Во сплотеноста е силата, порача Заев, посочувајки на едниството на сите етнички заедници денес, што се гради преку концептот Едно општество за ситe.

„Посебен буџет ќе има за ромската заедница, за да може квалитетот на живот да го покренеме, државата мора да биде мајка на сите“, рече Заев кој зборуваше и за еднакви шанси за вработувања Роми во администрацијата, решенија на неопределено време за вработени Роми, вложувања во капитални инвестиции во општината.

Заев посочи дека по сите потценувања кон граѓаните Роми, режимската ВМРО-ДПМНЕ нема право да го бара нивниот глас. Тој најави и повисока социјална помош и покачување на платите.

„Знам што значи давање плата, што значи менаџмент, водев општина, водев фирми. Дадов збор ќе носиме одлуки – носевме одлуки, ќе покачиме социјална помош, плати – покачивме, ќе бидеме еднакви – единствени сме и ова е нашата татковина еднакво на сите. Северна Македонија ќе ја направиме и економски тигар на Балканот“, најави претседателот Заев.

Тој направи разлика со неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тие калкулираа, ние носевме одлкуки. Бидете горди имаме држава признаена од целиот свет. Секоја мајка, Македнока, Ромка, Албанка денес знае дека децата нема да ги испрааќа во војна. Ако некој се чепка со Македонија, се чепка со САД или со другите земји членки на НАТО“, рече претседателот Заев.

„Секој излезен е глас – влог во татковината“, порача претседателот на СДСМ, Заев.