18.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, порача Оливер Спасовски од Тетовско

Граѓаните се сигурни со концептот Едно општество за сите, гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ и тие се опасност, истакна носителот на листа во ИЕ2, Оливер Спасовски во тетовското село Сараќино.

„Денес е слобода и ние се грижиме за сите подеднакво. Граѓаните се сигурни со овој концепт. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се грижат само за себе, личните и партиските интереси и тие се опасност. Само политичари кои се грижат за сите граѓани може да донесат добро на оваа држава“, рече Спасовски.

Тој најави дека водечки концепт и во следниот мандат останува враќањето на парите кај граѓаните.

„Вложуваме во идината и сигурноста на сите категории граѓани. Најавувам дека во следните 4 години ќе отвориме 80% од поглавјата за интеграција во ЕУ, а за 5 – 6 години ќе го затвориме преговарачкиот процес. Од европските фондови обезбедуваме 2,5 милијарди евра за државата. Тоа се повеќе пари за справување со здравствената ситуација, за новата развојна економија, за поголема социјална помош, за канализации, патишта, водоводи. Тоа се европски пари за европски стандарди дома и опцијата за 15 јули е јасна. СДСМ и коалицијата Можеме нуди луѓе кои земјата ја изнесоа на прав пат – да продолжиме по овој пат. ВМРО-ДПМНЕ ги нуди луѓето на Груевски, Мицкоски, Мисајловски, кои нудат обнова на режимот и тие мора да одат во опозиција да се обноват одвнатре исто како и ДУИ кои излегоа со национализам зашто немаат што да им понудат на граѓаните“, рече Спасовски.

Тој рече дека гласањето на 15 јули ќе биде со целосна заштита.

„Се носи голема одлука. Ако не излеземе на изборите, тоа е глас за Груевски, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, за обновен режим наместо сигурна иднина, за закани по слободата, за бели палати и мермер, а не за парите кај граѓаните, за меѓународна изолација наместо членство во НАТО и ЕУ.
Гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ е сигурност, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се опасност. Заокружете број 3, за сигурна иднина на сите во нашата држава“, повика Спасовски нс средбата со жители на тетовското село Сараќино.