3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев: Ги обезбедивме сите можни ресурси да може здравството да функционира комплетно, ги покачивме платите до 40%

„И досега какви сме покажавме, сите можни ресурси ги обезбедивме да може здравството да функционира комплетно“, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев, во ТВ дуелот со Христијан Мицкоски, на Националниот јавен сервис.

„Благодарение на умните паметните и храбрите политики во се, па и во здравството успеавме да добиеме повеќе мотивирани лекари, медицинските сестри, болнички персонал и сите што работата во здравството, истакна Заев, додавајќи дека ги покачивме платите за 40% на специјалистите, 25% на медицинските сестри 15% на матичните лекари од приватното здравство, сето тоа овозможи да добиеме мотивирани лекари.

Навреме набавивме респиратори, 70 отворени процеси кислороди во ГОБ 8 септември ја направи да биде подготвена и да спасува луѓе, да ги вади од респиратор, инфективната клиника е подготвена,има резервни болнички кревети, 2 пати поголеми од постојните што се користат“, наведе Заев.

Тој додаде дека е направен добар план за ротирање, да ги одмориме и заштитиме медицинските сестри и лекарите.

Не им се лесно, на лекарите и на медицинските сестри со маски, скафандери на 40 степени и затоа лично како претседател на владата ќе му предложам на претседателот на државата да ги награди со ордени, порача претседателот Заев.

Спонзорирано: