13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст.

Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните 50-ти години. Тој напиша филмски партитури за шпагети-вестерн филмовите на Серџо Леоне „За грст долари“, „Добриот, лошиот и грдиот“, „Беше еднаш во Америка“ …

Во својата кариера тој има напишано музика за повеќе од 500 филмови, а исто така има добиено и „Оскар“. Почесниот Оскар го доби во 2007 година за неговиот значаен придонес во кинематографијата, а во 2016 година доби Оскар за музиката во филмот „Осумтемина омразени“ од Квентин Tарантино.

Мориконе почина на клиника во Рим, како резултат на последиците од неговиот пад минатата недела, кога ја повреди бутната коска.

Како што беше најавено, погребот на музичкиот великан ќе се изврши во кругот на семејството.

Веста за смртта на Мориконе, во име на семејството, ја пренесе неговиот пријател Џорџо Асума. Тој изјави дека музичарот се држел достоинствено и свесно и дека пред смртта се збогувал со сопругата Марија, која секогаш била покрај него во неговата кариера и во приватните моменти, а последните денови ги поминала со него.

Композиторот им се заблагодари на своите деца и внуци за љубовта што му ја дале.

Спонзорирано: