Демократската унија за интеграција во претставувањето на изборната програма за предвремените парламентарни избори, кои ќе се одржат на 15 јули, престојуваше во Дебар, каде што претседателот на партијата, Али Ахмети, пред присутните рече дека нема ниту еден неостварен сон досега иако соништата се бескрајни.
„Ние отвораме ново поглавје, кое има поддршка и понатаму ќе има и за ова сум многу сигурен. Ние затворивме едно многу сложено поглавје за ова земја мината година зачленувајќи ја нашата земја во НАТО. Сега се отвара ново поглавје за зачленувањето на нашата земја во Европската Унија, кој не е лесен предизивк бидејќи нè очекува тешка работа, знаење и стручност. Воспоставувањето на европските стандарди во ова земја ни го забрзува нашиот пат кон членството и овие стандарди се: ветингот во сите области, почнувајќи од политичарите, пратениците, функционирите и градоначалниците, судиите, обвинителите, полицајците и командирите. Зошто сите да не поминат низ филтер. Јавно сум побарал да се отвори истрага од почеток на нашето дејствување на нашето големо семејство од 2002 година до денес. Само така може да бидеме сигурни и одлучни зголемувајќи ја довербата еден кон друг“, рече Ахмети на почетокот на својот говор.
Тој истакна дека во ова поглавје што се отвора има и од тие што се скептични неверувајќи во остварувањето на нашите цели, при што не треба да нè спречат.
„Да веруваш е доблест, храброст, нестанувајќи олеснувач, главата секогаш се враќа назад кон пропаст. Ние секогаш сме верувале и тоа ни помогнало. Јас и моите соработници со кои соработуваме 30-ина години секогаш ќе бидеме ваши гардијани, таму каде што ќе имате тешкотии, да знаете дека мечот на вашите постари браќа нема да престане и секогаш ќе излезете горди. За 20 години во ова земја, Албанците инвестирале многу во младината, инвестиравме во ова богатство и сум горд за подготовките што ги има и во секое соочување ме направија горди, каде што јас сум учествувал во сите маси, нашата младина достоинствено нè претстави во органите на извршната и локалната власт“, истакна Ахмети.
Идејата на премиерот Албанец, што ја иницира ДУИ, според Ахмети, нема ниту куршум ниту сила што може да ја уништи бидејќи идеите не може да се убијат, тие триумфираат.
„Ние не влеговме во трка за да се шегуваме за првиот премиер Албанец, не сакаме и не го правиме тоа за да го подобриме угледот ниту да ја поправиме историјата на ДУИ ниту, пак, да ја збогатам мојата лична историја бидејќи нема поголеми моменти од тоа што се знае дека јас сум победник на двете војни во Косово и војната во 2001 година, тука во РСМ. Ние излеговме со ова идеја за да победат Албанците бидејќи тие се сопственици во ова земја и нема причина некој да биде толку загрижен како што ги гледам моите колеги Зоран и Мицкоски и неколку помали кои не ги познавам и не им ги памтам имиња. Нашата идеја за премиер Албанец ги води процесите напред, ја зголемува довербата помеѓу заедниците. Ништо лошо нема да ѝ се случи на ова земја, каде што како пример може да ги земаме Кичево и Струга наспроти многуте реакции иако луѓето тука имаат соживот“, заврши Ахмети на крајот.