22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев за CENTAR: За двеипол години ја извадивме земјата од калта и на цврсти нозе сега чекори напред!

Верувам дека нашата понуда ќе стигне до секој граѓанин, до секое населено место и кога ќе направат споредба со останатата понуда, нема сомнеж дека на 15 јули ќе дадат поддршка за бројот 3 и коалицијата „Можеме“ за развојот и напредокот да продолжат уште повеќе лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за Centar.mk.

Лидерот на СДСМ уште додава дека граѓаните препознаваат добри политики и знаат да направа разлика помеѓу нашиот одгововорен, државнички и чесен пристап од една страна и деструктивното, незрело однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од друга.

– Знаат дека нашата понуда е напредокот да продолжи напред а концептот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ државата да се врати назад, во мрачното минато на режим, изолација и поделби, вели Заев.

Според Заев, СДСМ покажала дека се може за 2,5 години да се извади земјата од калта, да се застане цврсто на нозе и да зачекори напред.

Нема враќање назад, продолжуваме напред, уште повеќе и уште подобро, дециден е лидерот на СДСМ.

Со СДСМ платите и пензиите растат многу побрзо, дека државата е во сигурни раце и може да се носи со предиззвиците, функционира и се развива. Со СДСМ имаме слобода и демократија, се движиме кон ЕУ, веќе станавме дел од НАТО. Обезбедуваме силна праведна држава, водиме вистинска грижа за сите граѓани, и затоа, како што впрочем покажуваат анкетите, граѓаните масовно ќе застанат зад нашиот концепт, зад понудата на Коалицијата Можеме.

Имаме јасен план за следните 4 години, посветени целосно на домашен план.

Во однос на програмската понуда, кои се најважните економски мерки со кои ќе истрчате на овие избори, ќе продолжи ли зголемувањето на минималната плата во следниот мандат, доколку ги добиете изборите?

Нова македонска развојна економија, која обезбедува повеќе инвестиции, нови работни места и повисоки плати, тоа е суштината на нашата обемна Програма, на нашата понуда. Затоа велиме МОЖЕМЕ, уште повеќе и уште подобро.

Создадовме програма базирана на 6 столба: стабилна држава со нова, развојна македонска економија, држава со европски здравствен систем посветен на потребите на граѓаните, држава која се грижи за сите; држава која е правна и праведна, тоа значи зелена, еколошка држава, европска држава, членка на НАТО.

Тоа е нашиот, пристап, чесен, домаќински и одговорен автентичен, македонски модел за напредок и на граѓаните и на државата.

До крајот на мандатот минималната плата ја креваме на 20.000 денари, што е за дури 120% повеќе од минималната плата од 9.000 денари во 2016 година. Просечната плата до крајот на мандатот ќе ја кренеме на 34.000 денари.

Истовремено со раст на платите ќе растат и пензиите. Најниските пензии ќе ги покачиме за најмалку 21%.

Тоа јас го нарекувам економски патриотизам. Затоа што патритизам е да се влезе во НАТО и ЕУ со зачуван македонски идентитет но патриотизам е и да продолжи растот на платите, пензиите, патриотизам е парите да вратат назад кај граѓаните, концепт по кој е препознаен СДСМ и тој секако ќе продолжи, рече Заев во интервјуто кое во целост може да го прочитате тука.