Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев од Крива Паланка: Ги отворивме вратите кон ЕУ и НАТО, со обезбеден идентитет, со признат јазик, тоа е вистински патриотизам тоа е вистински успех

Ја исполнивме првата стратешка цел, членство во НАТО, ја остваруваме и втората со почеток на преговори за членство во ЕУ и нема да дозволиме да се враќаме назад во изолација, порача вечерва од граѓанската трибина во Крива Паланка, претседателот на СДСМ и носител на изборната листа во ИЕ 4, Зоран Заев.

– Денеска имаме имотен лист, имаме обезбедени граници и загарантирана безбедност со членството во НАТО. Денес нашиот идентитет е загарантиран, нашиот јазик е признаен од сите, последен доказ за тоа е потврдата од ЕУ, целото законодавство на Унијата ќе биде преведено на македонски јазик. Тоа е првиот чекор во станувањето на македонскиот јазик како еден од јазиците на Европската Унија. Ова е шанса ова е можност да си го јакнеме македонскиот идентитет, сите да знаат и за Македонецот и за македонскиот јазик. Тоа е успех, тоа е патриотизам, посочи претседателот Заев.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Орбан – ист модел, корупција на сите нивоа!

ДЕСК

Министерот Андоновски го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на аеродромот во Скопје

ДЕСК

Платите во Министерството за правда ќе растат за 21%, Филков го потпиша колективниот договор

ДЕСК