Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

МТСП: Од денеска исплата на правата од социјална и детска заштита

Исплатата на паричните права од социјална и детска заштита за месец јуни ќе почне од денес, 3 јули, за корисниците со дебитна картичка а од понеделник, 6 јули, за корисниците кои средствата ги подигнуваат во експозитурите и филијалите на банките.

Министерството за труд и социјална политика ги известува корисниците на права на парична помош од социјална и детска заштита дека и овој месец ќе изврши етапна исплатата на гарантирана минимална помош, надоместок заради попреченост, надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок на плата за скратено работно време, додаток за домување и на траен надоместок.

Исплатата ќе се спроведе во 3 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето:

– 6 јули (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
– 7 јули (вторник) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
– 8 јули (среда) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Корисниците кои имаат дебитна картичка поврзана со трансакциската сметка на која се исплаќаат правата од социјална и детска заштита, ќе можат паричните средства да ги подигнат на банкоматите на банките, да ги користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од денеска, петок, 3 јули.

Етапната исплата на паричните права од социјална и детска заштита се прави со цел да се избегне метежот пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на овие права во услови на опасност од вирусот Ковид-19.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење лична заштита заради спречување на ширење на коронавирусот. Сите кои ќе подигнуваат пари од банкомати или од филијалите и експозитурите на банките, се должни да носат заштитна маска што ги покрива носот и устата и да одржуваат физичко растојание од два метра.

Можеби ќе ве интересира

Парада за најмладите по повод роденденската прослава на Diamond Mall

ДЕСК

Дали ќе се помести старосната граница за пензионирање во Македонија на 67 години?

ДЕСК

Познато е кога ќе бидат исплатени октомвриските пензии

ДЕСК