Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Села: Албанските административци нека останат мирни, нема да отпуштиме никого

Зијадин Села и кандидатите за пратеници од коалицијата „Сега е време“ ги посетија населените места во општина Желино.

Пред жителите на општината кандидатите ја претставија својата изборна понуда и слушнаа за нивните секојдневни проблеми.

Во својот говор пред жителите на Требош, Села, меѓу другото, ја спомена и состојбата во која се наоѓаат повеќето Албанци вработени во јавната администрација.

„Дискриминацијата врз вработените Албанци во државната администрација ќе заврши со победа на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. Сакам да упатам апел до сите албански административци. Никој нема право да уценува, заканува и да врши притисок. Нема потреба да се поклоните на некого за да ја задржите работата. Ние ќе го чуваме достоинството на секој од вас. На 15 јули ќе заврши дискриминацијата и понижувањето на административците. Ние нема да отпуштиме никого, напротив, ќе напредуваат и ќе им го дадаме заслуженото место во државната администрација“, рече Села, носител на листата на коалицијата „Сега е време“ во шестата изборна единица.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК