Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кекеновски: Да ги симнеме од власт партиите кои меѓусебно се амнестираат за сторениот криминал

Додека европските цивилизирани држави прогласуваат победа над коронавирусот и слават симнување на маските, нашите сегашни и поранешни властодршци заслепени од желбата за власт по секоја цена, со помош на дискриминирачкиот и недемократски Изборен законик бесрамно газат по мртвите и жртвите на коронавирусот, истакна денеска Јове Кекеновски од ФРОДЕМ, носител на листата во првата изборна единица за коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“.

„Потребно е граѓаните да се одважат и да се охрабрат заеднички да ги казниме СДССМ, ДПСМНЕ и ДУИ затоа што тие единствено што имаат на ум е да се менуваат на власт, да глумат крвни непријатели, а во суштина и пракса меѓусебно да се амнестирааат за сторениот криминал и невиден арамилак. Најновите аудиобомби ја потврдуваат неодговорноста, дволичноста, лицемерието и егоизмот на лидерите на овие партии. Ова е повеќе од скандалозно и неморално. Жално е што новиот Закон за ЈО не ги третира овие аудиобомби како докази, во спротивно во нормална држава ваквите персони веднаш ќе си го добиеа своето заслужено место во некој затвор“, рече Кекеновски.

Тој во име на коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“ вети дека во првите 30 дена од изборот ќе го укинат Изборниот законик и новиот Закон за ЈО кој, како што рече, ги штити оние сега и оние кои во иднина ќе бидат на власт.

Кекеновски во своето обраќање го повика и министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, да одговори на обвинувањата дека додека бил директор на Агенцијата за разузнавање таа не била искрена со Јавното обвинителство во истрагата за Диво Насеље.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК