Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Формиран список на земји од кои е можно влегување во Грција – Еве каде е на листата Македонија

По неколкудневните дискусии во рамките на Европската Унија, формиран е список на земји од кои Грција ќе прима посетители, рече Стелиос Петсас, портпарол на владата на Грција, која вчера ги отвори своите граници за масовен туризам.

Петсас изјави дека ќе биде дозволено пристигнувањето на сите меѓународни летови за Грција, освен за директни летови од Велика Британија и Шведска до 15 јули, јавува новинската агенција АНА.

Од правец на Бугарија, патниците ќе влезат во Грција преку граничниот премин Промахонас, додека од другите премини на границата со оваа земја, влезот ќе биде дозволен само во одредени услови.

„Патниците од Албанија, Северна Македонија и Турција ќе можат да влезат во Грција само во одредени околности“, рече владиниот портпарол и додаде дека фериботот од Игуменица и Патрас повторно почнал да работи.

Петсас рече дека Грција ги отворила своите граници за туристите со одредени ограничувања, како и дека ги презема сите неопходни мерки со цел да го заштити локалното население и сите оние кои се вработени во туристичкиот сектор.

„По влегувањето во земјава, туристите ќе бидат тестирани за коронавирусот“, рече тој, додавајќи дека 5.889 лица од 16 аеродроми биле тестирани вчера за Ковид-19 и дека резултатите треба да бидат познати денес.

Грчките власти внимателно ја следат епидемиолошката состојба во Европа и во светот и нема да направат отстапки во врска со заштитата на јавното здравство и човечките животи, посочи Петсас.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +