Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Една недела го немало никаде – Пронајден мртов скопјанец откако полицијата по пријава влегла во неговата куќа

На 01.07.2020 во 12.47 часот во Полициска станица Карпош било пријавено дека на ул.„Козле“ во Скопје подолго време се шири непријатна миризба од куќа каде живеел Т.Т.(66) од Скопје, кој околу една недела не бил забележан од соседите.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, каде бил пронајден починат Т.Т..

Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +