Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Бачев: Ќе спречиме федерализација

„Ова е нашата платформа насловена како ‘Битка за Македонија’, која се дели во 100 илјади примероци. Во неа има 10 стратешки определби во кои се нашиот план и визија за Македонија. Една од нашите определби е Република Македонија унитарна држава со една државна власт на нејзината територија, изјави Јанко Бачев.

Според него, територијата на Република Македонија е неделива и неотуѓива и без можност за нејзино дезинтегрирање во какви било единки.

„Ветувам дека ќе ја оствариме оваа определба, бидејќи Македонија е нашата татковина , Република Македонија е нашиот дом. Онака како што се бориме за нашите домови, ќе се бориме и за Македонија“, додаде Бачев.

Можеби ќе ве интересира

Алиу: Успешно реализирани 16 трансплантации на рожница во соработка со тим експерти од САД

C +

Милановиќ: На Македонија ѝ се поставуваат премногу барања и услови за влез во ЕУ

C +

Костадиновски: Уставната жалба е заедничка точка на институционален дијалог

ДЕСК