8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Поранешен американски полицаец призна 13 убиства и 50 силувања

Поранешниот американски полицаец, серискиот криминалец познат како „Голден Стејт килер“, призна 13 убиства, како и околу 50 силувања и упади во домови во Калифорнија во 1970-тите и 1980-тите.

Џозеф Де Анџело (74) призна вина, во рамки на договор со обвинителите кој го штити од смртна казна, во замена за признавање на сите злосторства што ги сторил во 11 окрузи на Калифорнија.

Според договорот, Де Анџело е соочен со казна доживотен затвор без можност за условно ослободување.

Обвинителите изјавија дека со спогодбата сакале да се осигураат дека многу преживеани, како и семејствата на жртвите, сведоците и истражителите, гледаат решение за случајот.