Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Полицаец овозможил влез на малолетничка во Македонија без да и’ побара негативен тест за коронавирус

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против М.А., вработен во МВР, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

На 10.06.2020 во Полициската станица за Граничен премин Табановце пријавениот, при вршење на работни задачи на пасошка контрола за влез во Р.Северна Македонија, овозможил влез на малолетничка од Кавадарци, без да ја заведе во електронскиот систем за контрола на патници и возила, а исто така, тој не побарал приложување на негативен ПЦР тест за Ковид-19 и не ја упатил во државен карантин, со што постапил спротивно на донесените одлуки на Владата.

error: Соддржината е заштитена.