Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Бачев: Заев и Мицкоски воведоа медиумска диктатура за време на предизборната кампања

ДПМНЕ и СДС воведоа вистинска медиумска цензура на изборите за 15 јули, изјави денеска лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев.

„ДПМНЕ и СДС на секој час емитувана програма на телевизиите добиваат по 6 минути, а Единствена Македонија и коалицијата ‘Никогаш Северна, само Македонија’ добива само десетина секунди, а ова си го направија со уредба со законска сила“, истакна Бачев.

Според него, овие две партии го погазиле уставното право за еднаквост на сите партии на изборите.

„Заев и Мицкоски се уплашени луѓе штом воведоа медиумски мрак за изборите. Устите им се полни со демократија, владеење на правото, но во реалноста работат сосема друго. Воведоа медиумска диктатура. Нервозата кај Заев и Мицкоски е голема затоа што внатрешните анкети им покажуваат дека Единствена Македонија е најсилната опозициска партија која може да го сруши нивниот двопартизам и нивната власт“, смета лидерот на партијата.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК