„Нашата земја стана членка на НАТО, стана членка на НАТО почитувани татковци и мајки, дали сте мајки албанки или македонки или турчинки со НАТО нема повеќе војна, со НАТО нема да се грижите повеќе вашите деца дали ќе гинат, со НАТО има инвестиции, со НАТО има демократија, со НАТО има еднаквост, со НАТО има перспективи затоа НАТО е првата наша стратешка цел и на на македонците и на албанците и на турците и на србите и на власите и бошнаците и на ромите и на сите и успеавме и затоа нема веќе партии да доаѓаат пред изборите по сто сто пати, по илјада пати, по милион пати да ви ветуваат НАТО И ЕУ, завршена работа е НАТО и датум за почеток со ЕУ, успеавме заедно…“, рече Зоран Заев, лидер на СДСМ, во Тетово.
– Слушајте ми зборот, зборот е збор во шеста изборна единица ќе го победиме ДУИ, во шеста изборна единица ќе ја победима Алијанса и Алтернатива, во шеста изборна единица ќе имаме најмалку дупла пратеници од ВМРО – ДПМНЕ затоа што тоа е иднината, затоа што едно општество е тоа што ни е Македонија, затоа што на нарадот му е преку глава од квазипатриоти и од квазинационализми, патриот и вистински љубител на својот народ и својата земја е човек што еднакво ги гледа сите граѓани пред себе да не ги дели по никаков основ…“, рече Заев.
„..Не сме веќе ФИРОМ и сме Република Северна Македонија не сме Северна Тангузија, МАКЕДОНИЈА сме и немојте да дозволите никој да ве лаже, македонците се признаени од целиот свет како што не се оспорени ни албанците, ни турците, ни власите, ни ромите, ни бошнаците, сите етнички знаедници ни се признаети и македонскиот јазик кој што беше оспорен сега е признаен од целиот свет, сега имаме пријатели..“, соопштил лидерот на СДСМ.
„Во недостиг на економска понуда, во недостиг на понуда за иднина опаа и ДУИ се враѓа на национализмот, па ја понижуват интелегенцијата и на албанецот и на турчинот и на сите, зарем не знаат дека се прочитани, па губат и тие од ваквите уценувачки политики, граѓаните кажуваат кој ќе биде пратеник, кој ќе биде министерм=, кој ќе биде премиер, кој ќе биде претседател или било кој носител на функциите, ние од СДСМ имаме директори, имаме министри албанци имаме членови на парламентот албанци или градоначалници албанци, немаме проблем ни за премиер ни за претседател само да има дабори кадарни луѓе, тоа е нашата Македонија, но тоа е одлука која што ја носат нашите граѓани, затоа почитувани граѓани од Тетово крајно време е ДУИ да премине во опозиција, што е многу многу е, 17 години власт, здраво е и за државата, здраво е и за ДУИ…“, рекол Заев вечерва во Тетово.