14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковид кај дваесетгодишно момче во Македонија предизвикал мозочен удар

Дваесетгодишно момче со симптоми на мозочен удар пред неколку дена било примено на Клиниката на неврологија. Момчето имало проблеми со говорот и други симптоми кои се слични на мозочен удар, но откако тестот покажал дека е позитивен на Ковид-19, се посомневале дека причината за ваквата состојба може да биде коронавирусот, по што го префрлиле во ГОБ„8 Септември“., јави Новатв.мк

„Беше примен со симптоми кои се слични на мозочен удар, но за нас како лекари беше невообичаено ваква дијагноза на толку млада возраст. Откако тестот покажа дека е позитивен на Ковид-19 и по кажување на семејството дека претходно неколку дена имал висока температура, го префрливме во Ковид центарот во ГОБ“8 Септември“, изјавил за Новатв.мк, д-р. Иван Барбов, директор на Клиника за неврологија.

Не е познато каква е сега состојбата на 20 годишното момче кое било донесено на Неврологија, но бројни студии покажуваат дека коронавирусот може да предизвика мозочен удар кај млади луѓе на 30 и 40 годишна возраст кои имале лесна клиничка слика на Ковид-19, пишува интернет порталот.

Спонзорирано: