13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ДИК ги отфрли приговорите за предвреме почната изборна кампања

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница ги отфрли приговорите од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и од Левица за предвремено почната изборна кампања.

Претседателот на ДИК Оливер Деркоски истакна дека приговорите поднесени од партиите се однесуваат за повеќе настани во различни општини, а станува збор за исти приговори.

Како што истакна Дерковски, во сите приговори недостигаат одредени елементи кои можат да го карактеризираат прекршкот како предвремен почеток на кампања и на некој начин било направено тоа.

Членовите на ДИК на денешната седница едногласно го усвоија и Предлог-упатството за пријавување и гласање на лица кои се во домашен карантин поради позитивен тест на Ковид-19 и на лицата на кои им е одредена мерка самоизолација. Едногласно беа усвоени и барањата за акредитации за набљудувачи на овој изборен процес поднесени од ОБСЕ/ОДИХР и од Француската амбасада.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК

Милевски: Виница заслужува ред и напредок, да не ја препуштиме повторно на локалните шерифи

ДЕСК

Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата, соопшти Филипче

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.