Centar.mk
ЛОКАЛНО

„Водовод“ ја почна акцијата за исплата на долгови на рати без камата

Почна акцијата за исплата на заостанатите долгови на рати без камата за задоцнето плаќање. Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, од денеска до 31.07.2020. По истекот на овој период одлуката преставува да важи.

„Во просториите на ЈП ‘Водовод и канализација’ – Скопје процесот се одвива непречено и притоа се почитуваат сите протоколи за влез, со цел заштита од ширењето на коронавирусот. Сите корисници кои доаѓаат во просториите на претпријатието го одржуваат редот на чекање за влез, притоа почитувајќи го определеното растојание. При влез, задолжително е носење заштитна маска, а пред влез на секој клиент му се мери телесната температура. При влегување и излегување од просториите на претпријатието задолжителна е и дезинфекција на рацете. Бројот на корисници кои влегуваат во просториите на претпријатието е ограничен, согласно одредените протоколи за заштита“, велат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Со цел заштита на корисниците и вработените, во ЈП “Водовод и канализација“ – Скопје секојдневно се врши дезинфекција на просторот.

Можеби ќе ве интересира

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК