10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Договорот од Преспа е пример за храброст, визионерство и државнички политики

Визијата, храброста и државничките политики на Зоран Заев донесоа историски, генерациски успех за државата и сите нејзини граѓани со потпишувањето на договорот од Преспа. Се реши децениски спор кој ја влечеше нашата земја надолу, од заробена држава станавме светол пример и по 11 години заглавени во калта, нашата татковина тргна напред, соопшти СДСМ.

„Во март годинава, во услови на светска пандемија, Република Северна Македонија стана 30. земја членка на НАТО, со што се реализираше една од двете стратешки определби поставени на референдумот од 1991 година.

Членството на Република Северна Македонија во НАТО е најсилната гаранција за територијалниот суверенитет, гаранција за безбедноста и стабилноста на земјата.

Она што е исто така важно, станавме членка на НАТО со сочуван и потврден македонски идентитет, признаен македонски јазик, впишан во нашата лична карта во ООН.

Македонското знаме се вее гордо заедно со знамињата на најсилните демократски држави во светот.

НАТО значи поддршка и солидарност. Денес, имаме значителна помош од НАТО земјите членки во справување со коронавирусот, државата има поголема заштита на македонското небо, што нашите сојузници тоа го демонстрираа со заедничко надлетување на авиони на Алијансата.

Договорот нè донесе и чекор поблиску до ЕУ. Во март 2020 ЕУ донесе позитивна одлука за почнување преговори за членство.

СДСМ е носител на одговорна власт и натаму ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и државата“, се вели во соопштението на партијата.

Спонзорирано: