Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Апсење во Скопје- приведени четири лица

Во текот на вчерашниот ден во Скопје биле уапсени четири лица поради поседување на марихуана и ладно оружје.

„На 17.06.2020 во 02,25 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.“Коста Новаковиќ“, го лишиле од слобода П.Р.(27) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.06.2020 во 23,40 часот, полициски службеници од СВР Скопје во с.Драчево на место викано “Три круши“, ги лишиле од слобода Ф.С.(24) и Т.М.(26) двајцата од Скопје затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.06.2020 во 13,30 часот, од полициски службеници од СВР Скопје на бул.“Никола Карев“ при извршен преглед кај Б.Д.(20) од Скопје бил пронајден нож на расклопување. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“ соопштуваат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

СНЕГ ПОЧНА ДА ВРНЕ НА ОВИЕ МЕСТА ВО МАКЕДОНИЈА: Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Ограбена каса со добровилни прилози која била оставена во џамија, полицијата го истражува случајот

ДЕСК

ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО ЗЕМА ЗАМАВ, ДРАМА ВО ОСНОВНО ШКОЛО: 13 годишна ученичка нападната од четири повозрасни ученички

ДЕСК