5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Ќе водиме одговорна кампања со почитување на мерките

Во пресрет на изборите, СДСМ ќе води одговорна кампања, како што и доликува на државотворна и зрела партија, велат од партијата.

„Сите активности на партијата во следниот период ќе бидат исклучително организирани и спроведени почитувајќи ги мерките за заштита. СДСМ докажа дека знае и умее да дејствува во интерес на граѓаните. СДСМ ги откажува митинзите, големите собири и сите потенцијално ризични настани и преку поинакви активности ќе ја испрати својата порака, но и ќе го заштити здравјето на своите активисти, членови и на сите граѓани“, пишува во соопштението.

Од партијата наведуват дека секој од нас мора доследно да ги почитува задолженијата и забраните.

„Таму каде што мерките се почитуваат, вирусот е поразен. Овој удар на епидемијата ќе го победиме сите заедно, единствено доколку се држиме до мерките и никако поинаку. Секој граѓанин може да придонесе за запирање на ширењето на коронавирусот. Секој еден е важен и сечие однесување прави промена“, велат од партијата.

Здравствените власти, кои повеќе од четири месеци вложуваат натчовечки напори да го спасат сечиј живот и да им го вратат доброто здравје на пациентите, велат од СДСМ, немаат други механизми доколку ние не им помагаме со одговорно однесување.