17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

(Видео) Мицкоски: СДСМ ќе загуби убедливо со двоцифрена разлика во пратеници, следува обнова на економијата

По седницата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, на прес-конференција изјави дека едногласно донеле одлука да учествуваат на изборите на 15 јули.

Тој рече дека, конечно, од страна на СДСМ и Заев биле прифатени двата услова за изборите, односно за заштита на ранливите категории граѓани да гласаат од дома, како и присуство на ОБСЕ/ОДИХР. Принципи, кои, како што рече Мицкоски, досега не биле прифатени.

https://www.facebook.com/watch/MickoskiHristijan/

„Во овој период се водев од две основни работи. Тоа се заштитата на здравјето на граѓаните и заштита на волјата на граѓаните. И двата услова од страна на Заев и СДСМ, конечно, се прифатени. Прифатено е да има протоколи за заштита на здравјето на граѓаните на денот на изборите, поточно ранливите категории граѓани да гласаат на изборите од дома, правила што досега не беа прифатени. Како и мисија на ОБСЕ/ОДИХР, чија основна задача ќе биде заштита на волјата на граѓаните.

„Имаме економско фијаско, капитулација во здравствениот систем, а стратешките интереси не се остварени. Немате пари, оставени сте на себе кога станува збор за здравјето, а европската иднина на Македонија е секој ден сè подалеку. Каква црна европска иднина кога во Македонија со Заев се расправаме колку куферчиња ‘луј витон’ со рекет се поделени. Ние сме земја каде што убиство на дете помалку вреди од сите неправди, од сите ладнокрвни поигрувања на законите и бизнисите на власта, каде што влогот е Македонија. Земја во која Заев вели дека даваме пари на бизнисот, тоа значи дека неговите фирми искористиле пакет антикризни мерки.

Гледам дека од власта велат граѓаните ќе кажеле кој ќе се справува со Ковид-19 наесен. Нивниот резултат е најголема смртност и најмногу новозаболени во Европа. Тоа е политика без компас и без зборови се знае дека прогласивте капитулација, ама сега народот е тој што одлучува. Затоа, подгответе се, следува обнова, најважното – обнова во економијата. Парите што сњкому му недостигаат, ќе се погрижиме да ги има. Обнова што ќе овозможи зголемување на просечната плата во државата за 25 отсто во еден мандат. Просечна пензија на пензионерите од 20 отсто во еден мандат, невработеност под 10 отсто, 0 отсто персонален данок на доход за млади до 29 години, рамен данок од 8 отсто. Се обврзуваме за обнова, која ќе донесе раст на БДП повеќе од 4 отсто годишно, 90 отсто реализација на капиталните инвестиции, да нема неасфалтирани регионални патишта, односно целосна реконструкција на повеќе од 1.000 километри регионални и државни патишта, 2 милијарди евра инвестиции во патишта и многу други проекти.

Последниот бастион на транзицијата, бастионот на трас, трас-одлуките во судството, на рекетот на срамот во македонската политика и симбол на криминалот. Не се ова избори за нијанси, туку избори за црно-бела одлука, изборот е или повеќе за ова раководство на Зоран Заев и СДСМ или повеќе за Македонија и граѓаните на Македонија, а јас ви ветувам дека заедно со вас ова раководство на Зоран Заев и СДСМ ќе загуби убедливо со двоцифрена разлика во пратеници затоа што го чувствувам пулсот и ја слушам пораката од народот. Јас како и сите вас ја избирам Македонија. Доста беше губење и порази. Обновата ќе дојде, а пред тоа треба громогласна одлука. Колку ќе биде поголема победата, толку ќе биде и појасна пораката. Да завршиме со ова срамно поглавје и да ја исправиме Македонија. Македонија членка на Европската Унија во семејството на рамноправните, каде што и вистински припаѓаме.

Време е да ги прекратиме сите детски болести на превирања, криминал што не се казнува, на лажливи политичари. Народот е навистина изморен од сето ова. Многу генерации се изморија чекајќи, следуваат ново време, одлуки и промени. Обновата победува, Македонија ќе биде уште посилна. Јас во ова верувам. И ќе се борам до последен здив. И ќе победиме заедно со народот“, порача Мицкоски.

Спонзорирано: