23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(ВИДЕО) Како почна се’: Мицкоски бараше избори на 13 септември, но потклекна и прифати на 15-ти јули – Македонија спремна за избори, граѓаните конечно ќе одлучуваат!

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ по се’ изгледа потклекна под силниот притисок на јавноста и прифати избори на 15-ти јули.

Инаетењето на Мицкоски кој прво бараше избори на 13 септември 2020 година, па потоа го спомнуваше крајот на август како можен датум за оддржување на предвремените избори ја покажа нестабилноста во одлуките кои ги носи, за на крај неодговорниот Мицкоски да потклекне под силниот притисок на јавноста и да прифати избори на 15-ти јули.

Менувањето на ставовите на Мицкоски како чорапи, не е нешто ново и ова не е за изненадување за аналитичарите, кои велат дека Мицкоски и во ноември минатата година бараше избори, при што му биле понудени на 21 декември, но тој одбил, па барал да бидат што потоа, за на крај лидерите да се најдат кај Пендаровски и да одлучат за 12-ти април.

Да потсетиме дека Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ ја имаат најголемата одговорност во техничката Влада за актуелните состојби со коронавирусот, со оглед дека токму нивен кадар е министер за внатрешни работи. Министерството за внатрешни работи беше посочено како алката која попушти за време на полицискиот час, па така за време на карантинот, полициски службеници немо гледаа како многумина играат ора и го кршат полицискиот час, со што заразата се засили.

ВМРО ДПМНЕ е партија која често ги менуваше ставовите, прво беа против вонредна состојба, па бараа вонредна состојба, беа против полициски час, па бараа полициски час… па така Мицкоски пред коронавирус кризата велеше “Од СДСМ молеа Бога да се случи корона вирус, за да не може ВМРО-ДПМНЕ да излегува со народот на протести”, но кога му беа понудени избори на 14-ти јуни ги одби, го одби и 21, бараше дури во август, на крај потклекна под силниот притисок на јавноста и прифати избори во јули.

Сега на ред се граѓаните, кои на 15-ти јули во среда ќе одлучат каква Македонија сакаат. Македонија која чекори напред со разум и почит кон своите граѓани или Македонија на чулевци, мицковци и груевци… закопана во изолација, под невиден режим каква што и беше цели 11 години до 2017-та.