12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Исланд и Нов Зеланд најмирни држави во светот – Каде е Македонија?

Исланд и Нов Зеланд се најмирни држави во светот, а Македонија е на 62. место на овогодинешниот извештај на Институтот за економија и мир.

Исланд 13. година по ред е најмирна држава во светот. На второ и трето место се Нов Зеланд и Португалија, а потоа следат Австралија и Данска.Северна Македонија се наоѓа во средно мирни држави и е на 62 место додека минатата година била на 64. место.

Глобалниот индекс на мирот се објавува секоја година, а државите се оценуваат според 23 критериуми од три категории: општа безбедност, милитаризација и меѓународни спорови.

Од балканските земји на листата највисоко котира Словенија, која е на 11 место, Романија – 22, Хрвтска е на 26, Бугарија на 28, Србија на 51, Албанија на 55, Грција на 57, Кипар на 64, Црна Гора на 69, а Босна и Херцеговина на 79 место.На последните три места од листата е Ирак на 161 место, на 162 е Сирија, а на 163 место е Авганистан.