Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Викенд со сончево време, а од понеделник ново невреме: Meteocentar со детална прогноза за следните 4 дена

За време на викендот ќе преовладува стабилно време со умерен до засилен северозападен ветер.

Во попладневните часови ќе има услови само за изолирана појава на краткотраен дожд.

Во почетокот на наредната седмица повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Прогноза за 14.06.2020
Минимална температура: 11°C до 18°C
Максимална температура: 25°С до 34°C
Сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер претежно од западен правец. Кон крајот на денот ќе има изолирана појава на дожд и грмежи. УВ=8

Прогноза за 15.06.2020
Минимална температура: 12°C до 19°C
Максимална температура: 24°C до 31°C
Сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. УВ=6

Прогноза за 16.06.2020
Минимална температура: 11°C до 18°C
Максимална температура: 23°C до 29°C
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=6

Можеби ќе ве интересира

Пороен дожд, грмежи и силен ветер во делови од земјата

C +

(ФОТО) Со полициски пресретнувач санкциониран возач кој управувал возило со брзина од 178 км на час надвор од населено место каде дозволената брзина е 80 км на час, возилото е одземено

ДЕСК

Пратеникот Талевски на Пролетниот состанок на Меѓународниот секретаријат на ИПС на православието во Тбилиси

ДЕСК