26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев на ТВ 21: СДСМ ќе победи со 6 до 10 пратеници, ДУИ ќе оди во опозиција

СДСМ ќе победи на изборите, а ДУИ заминува во опозиција ако поставува услови за водење на државата. Но, тоа е здраво за државата, здраво е и за партијата, тие не виделе што е опозиција. Во вакви услови нема ни да можеме да преговараме со ДУИ. Кредибилитет имам да зборувам на оваа тема, ние направивме предизборна меѓуетничка коалиција, немам предрасуди за ова… Треба да знаат граѓаните да излезат на избори и тие ќе одлучат кој ќе биде премиер, кој министер, кој претседател на парламент… Сите во државата што побрзо да сфатиме дека изборите ни се неопходни толку ќе биде подобро“- порача Зоран Заев, претседателот на СДСМ на телевизија 21.

Тој пласираше и бројки според кои СДСМ е победник на изборите.

„Пред една година кажав ќе ги победиме ВМРО ДПМНЕ со разлика од 60 000 до 120 000 гласа. Ако водиме 4 отсто, како што вели ВМРО ДПМНЕ, тогаш тоа е 72 000. Иако ние водиме со 6 проценти. Сите се за избори, буквално сите партии, освен ВМРО ДПМНЕ. Сега не сакаат ниту парламентот да се врати да работи, ниту сакаат избори. Ние очекуваме да имаме предност од 6 до 10 пратеници, тоа се бројките, до партиите стигаат истите бројки. Затоа не сакаат избори, сето друго е изговор.“- дополни Заев.

Тој направи споредба како се однесува судскиот систем кон луѓе на СДСМ и на ДУИ сега и во времето на режимот на ВМРО.

„Имаме судски процеси и против СДСМ и против ДУИ. Имаме пресуди и против СДСМ и против ДУИ. Во време на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ ова не беше можно. Ние донесовме закони и сега судиите се на потег и затоа ги повикувавме. Мора да се одговорни, да носат одлуки, а не по 15 години да се водат предмети. Тие мора да обезбедат независни и објективни пресуди.