12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев на ТВ 21: Граѓаните ќе излезат на избори затоа што знаат дека немаме функционални институции

„МВР го ажурира избирачкиот список четири пати во годината, последен пат беше во мај. МВР е должно да ги впише сите што полнат 18 години до 5 јули. Со тоа го стекнуваат правото на глас, и им треба лична карта или патна исправа, кои можат да се издадат и на денот на изборите. Ако избирачкиот список е ажуриран, остануваат другите активности на надлежните органи. Ќе имаме посебни здравствени протоколи на денот на изборите. Ако можеме да одиме во банка, во маркет, на пазар, во ресторан, а сега мораме пет минути да поминеме на избирачкото место, не знам што е опасно.“ изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Тој даде своја проценка околу изборите и изрази оптимизам дека сепак граѓаните во голем број ќе излезат на избори.

„Мое очекување е дека ќе имаме 900 000 гласачи. Верувам дека одѕивот ќе биде од 50 до 60 отсто од гласачите. Ова се парламентарни избори и граѓаните ќе излезат за да ги поставиме институциите. Не можеме поинаку да функционираме. Уредбата со законска сила е закон, без парламент и без потпишување на указ од претседателот, и владата ако сака може да застрани и ова да го злоупотреби. Затоа избори ни се неопходни и заради економскиот, но и заради политичкиот контекст.“- дополни Заев.