Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пет години од упадот на специјалците во библиотеката „Браќа Миладиновци“

Вчера 5 мај, се навршија пет години од насилниот упад во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ кога студенти кои подготвуваа испити во доцните вечерни часови беа нападнати поради граѓанскиот револт изразен преку протестите за правда и мир.

Протестот почна откако СДСМ на 5 мај 2015 година ги објави „бомбите“ кои открија нови сознанија за убиството на 22-годишниот Мартин Нешкоски во 2011 година од припадник на специјалната единица „Тигри“ и обидот да се прикрие неговата смрт и да се избегне политичка одговорност.

Семејството преку повик побара правда, одговорност и оставка од Владата со протест пред седиштето на Владата каде подоцна полицијата со оклопни возила и водени топови ги избрка демонстрантите низ улици во центарот на градот.

Три дена по крвавиот 5 мај следуваа масовни и мирни протести во повеќе градови. Веднаш потоа почнаа протестите за Шарената револуција.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +