Профитерство од невидени и нечовечки размери. Ако во 2016-та кога се случија страшните поплави во скопскиот регион во кој загинаа десетици луѓе од таа природна непогода, иако одговорност за неисчистените канали имаше токму тогаш владејачката ВМРО ДПМНЕ, тогашниот прв човек на опозицијата Зорна Заев рече: Чекајте луѓе, ние нема да профитираме од ова. Ќе помогнеме да се врати ситуацијата во нормала. И така беше, во изборна година, Зоран Заев и СДСМ во ниту еден случај, во ниту една пригода не ги употребија поплавите и хаосот во кој беше фрлен скопскиот регион додека траеше кризата.
Ако земеме паралела во светската пандемија со коронавирус и маслото кое во огнот го фарлаат фармите за лажни вести платени со унгарски пари, но и актуелната опозиција ќе забележиме дека коронавирусот премногу се злоупотребува од страна на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, во обид за ситни политички поени.
Факт е дека работите со коронавирусот можеа да бидат подобри, владата да немаше сопки од административци и функционери во техничката влада делегирани од опозицијата.
Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во видео-обраќање вели дека состојбата со заразата од ковид-19 е алармантна, а Владата нема план како да се справи.
„Народски кажано, Владата не знае каде тера. Огромниот број на заболени само потврдува дека работите излегуваат од контрола. Секој обид за релативизирање на работите е штетен и претставува потценување на заразата“, вели Мицкоски.
Да не го знаевме Мицкоски, ќе речевме, легитимно е , но тој на почеток не сакаше вонредна сотојба, па потоа бараше, па не сакаше полициски час, па бараше, па не сакаше па пак сакаше. Христијан Мицкоски е човекот кој сабајле држи прес, како загрижен опозиционер, а навечер крши протоколи на владата преку одење во теретана, забавување во ресторани во затворен простор… со што не само што го става своето здравје во опасност, туку го става во опасност и здравјето на луѓето со кои комуницира, а да не спомнуваме дека и тој е пример за неговите следбеници.
Да не заборавиме дека токму полицијата која е предводена од неговиот кадар, наместо да ги штити граѓаните со тоа што ќе се почитува 100% полицискиот час, во денес најголемите жаришта се играа ора среде полициски час.
Мицкоски, ако сака да покаже дека е разумен човек на кој му е мил Македонскиот народ, треба да ги почитува институциите на државата и да им порача на неговите следбеници да не прават сопки барем во делот на здравствената криза, затоа што тоа е хазардерска игра со човечки судбини!


