Со оглед на вчерашната одлука на Владата на РСМ за 80-часовен карантин за одредени градови како и забраната за движење во дел од градовите, МВР – по однос на потребата за движење на лица во текот на наредните три дена за пренос на граѓани што ќе остварат влез во државата или пак што треба да ја напуштат државата – ги информира граѓаните дека полицијата воспостави едноставен протокол по кој што ќе се постапува за да може граѓаните да ги остварат тие свои потреби, информираат од Министерството за внатрешни работи.
– Имено, граѓаните што ќе влезат во државата со валиден и негативен PCR тест, ќе може да се превземат од граничните премини, при што лицата што ќе ги превземат претходно ќе треба да го пријават тоа на тел бр. 192 каде што ќе ги остават бараните податоци. Исто важи и за граѓаните што треба да ја напуштат земјата (со валидна документација, т.е авионски билети), односно лицата што ќе ги превезуваат треба претходно да се пријават на бројот 192, велат од МВР.