Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Итен состанок на Филипче со Комисијата за заразни болести, претставници на МВР и на локланите центри за јавно здравје

Министерството за здравство информира дека денеска во 13 часот, министерот за здравство доц. д-р. Венко Филипче ќе одржи состанок со членовите на Комисијата за заразни болести, претставници на локални Центри за јавно здравје и претставници на Министерството за внатрешни работи.

Целта на состанокот е заедничка координација за делување во општините кои се детектирани како жаришта на коронавирусот.

На состанокот ќе се дискутира за начинот и ефективноста на спроведување на актуелните мерки на терен, како и организација и спроведување на можни дополнителни мерки.

Анализите и заклучоците од состанокот ќе се достават како предлози до Владата на Република Северна Македонија и кризниот штаб за утврдување на следните чекори на делување.

Можеби ќе ве интересира

Времето ќе изненади – синоптичарите објавија најнова прогноза – какво време да очекуваме?

ДЕСК

Каква е состојбат а на патиштата?

ДЕСК

Околу 50 грама кокаин пронајдени кај струмичанец, судот му определи притвор

ДЕСК