Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Петров: Здравјето е најважно, сите да ги почитуваме мерките за заштита, да се адаптираме на ново нормално

Најважно во оваа нова нормалност е да ги почитуваме мерките за заштита, да ги почитуваме правилата, бидејќи, иако звучи како клише, здравјето е најважно, истакна потпретседателот на СДСМ Коста Петров, во емисијата Tоп тема на Телма.

Петров рече дека СДСМ секогаш е на терен со граѓаните, секако со почитување на протоколите за заштита, додавајќи дека во рамките на активностите на партијата во Куманово во текот на викендот бил делен едукативен материјал во врска со коронакризата, со строго почитување на мерките и задолженијата.

Тој истaкна дека во овие услови на коронакризата се менуваме сите, се менува бизнисот, луѓето, политичките партии и се прилагодуваме на новата состојба.

Бројките на новозаразени, не се тоа што треба да бидат, се надевам дека бројот нема да продолжи да расте, а сите треба да се адаптираме на новото нормално и да ги почитуваме мерките за заштита, одржување дистанца, носење заштитни маски, дезинфекција. Најважно е да ги почитуваме протоколите и мислам дека тоа апсолутно е правило за сите граѓани и за сите политички партии, нагласи Петров, во гостувањето на ТВ Телма.

Можеби ќе ве интересира

ЗУЛУМ ВРЗ СЕДУМДЕСЕТГОДИШНИК: Четворица осомничени за разбојништво во Струмица

ДЕСК

Николоски:  Преку 350 милиони евра Владата инвестира во инфраструктурни проекти во општините, дополнително преку Светска банка инвестираме 25 милиони евра во изградба и рехабилитација на преку 100 километри локални улици низ општините

ДЕСК

СДСМ утре ја промовира „Скопска иницијатива“ на меѓународна конференција

ДЕСК