Centar.mk
БИЗНИС

Добра вест: Поевтинуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 0,69 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 26.05.2020 година.

 

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денар/литар и ќе изнeсуваат:

ЕУРОСУПЕР БС-95  57,00 ден/лит, за ЕУРОСУПЕР БС-98  59,00 ден/лит, за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 49,00 ден/лит.

 

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува на исто ниво како и во одлуката од 26.05.2020 година и ќе изнесува 37,50 ден/лит.

 

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,167 ден/кг и ќе изнесува 23,260 ден/кг.

 

 

Од 02.06.2020 година максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

 

Моторен бензин                       ЕУРОСУПЕР БС – 95                            57,00 (денари/литар)

Моторен бензин                      ЕУРОСУПЕР БС -98                             59,00 (денари/литар)

Дизел гориво                           ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                       49,00 (денари/литар)

Масло за горење                      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)               37,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                                                                                                      23,260 (денари/килограм)

 

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 02.06.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување и тоа кај бензинот во просек за околу 1,89%, кај дизелот има намалување во просек за околу 2,594%, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за околу 0,264%  и кај мазутот намалувањето е во просек за околу 0,558% .

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,464 %.

Согласно Методологијата за формирање на цените, вклучени се сите овие влезни параметри и извршено е соодветно прилагодување.

Малопродажните цени на  ЕУРОДИЗЕЛ и ЕУРОСУПЕР БС – 95 во Северна Македонија се најниски во споредба со соседните земји и земјите од ЕУ (според https://ec.europa.eu/energy/data-analysis/weekly-oil-bulletin_en од 25.05.2020), што е видливо од следните табели:

 

Табела 1. Малопродажни цени на Еуродизел и Еуросупер БС-95

 

  Еуродизел (ЕУР) ЕУРОСУПЕР БС – 95 (ЕУР)
Северна Македонија 0,794 0,924
Австрија 0,983 1,006
Бугарија 1,200 1,190
Хрватска 1,050 1,090
Германија 1,050 1,220
Грција 1,110 1,350
Италија 1,256 1,367
Унгарија 0,977 0,946
Словенија 0,998 1,001

 

 

 

Можеби ќе ве интересира

Минималната плата ќе се зголеми за околу 30 евра, а пензиите за илјада денари – но како ќе преживеат работниците и пензионерите во време на силна инфлација и голема стапка на сиромаштија?

ДЕСК

ФРАПАНТНИ БРОЈКИ: Речиси секој четврти македонски граѓанин живее во сиромаштија

ДЕСК

СИНДИКАТИТЕ ЌЕ ПОВИКААТ НА ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ: Минимална плата од 600 евра или работниците ќе се излеат по улиците

ДЕСК