17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Тасевски за порталот novatv.mk: Началниците назначени од Чулев се во конфликт со својот професионализам и партискиот притисок

Откако јавноста побара одговорност за непочитување на мерките за заштита од епидемијата поради што се случи драматичен пораст на новозаболени, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев прстот го впери во директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, пишува НОВА ТВ.

Зголемувањето на бројот на заболени покажа дека партиски мотивираните насоки се одразуваат лошо на сите. Колегите се свесни за ова и во периодот кој претстои убеден сум дека ќе го коригираат своето однесување и ќе постапуваат во интерес на граѓаните. Полицијата има единствена задача, да ги заштити чесните и дисциплинирани граѓани, а да ги казни оние кои не ги почитуваат правилата. И тука не смее и нема да има простор за политичко-партиски калкулации, вели Тасевски.

Јас не сум политичар, и затоа нема да се впуштам во преписки со времениот, технички министер. Само ќе го потсетам на неговите изјави дека полицијата нема да казнува и затоа храбро нека се соочи со последиците од таквите негови изјави. Началниците назначени од него се срамат од своите постапки и се борат со нивниот професионализам од една страна и партискиот притисок од Чулев од друга страна, додава директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски.