Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Познати детали за тешката сообраќајка на патот Штип – Кочани: Две малолетни дечиња итно пренесени во болница

Три лица, меѓу кои две петгодишни деца биле повредени во сообраќајка на патот Штип- Кочани.

„На 28.05.2020 во 22:30 часот на магистралниот пат Штип-Кочани се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од И.З.(25) од с.Чешиново, кочанско и патничко возило „пежо 206“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од А.В.(30) од Злетово“ велат од МВР.

По незгодата, сопатниците во возилото „пежо“, Х.В.(25) и две петгодишни деца биле пренесени во Клиничката болница Штип каде им била укажана лекарска помош и им биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата – граѓаните живеат полошо

ДЕСК

Замина Мартин Треневски: Човекот што остави белег во новинарството, дипломатијата и државните институции

ДЕСК

Масовна тепачка и апсење во Прилеп: Осум лица завршија во станица по тепачка која почнала на патен правец, а завршила во болничките ходници

ДЕСК